Карпошани да не го одлагаат кабастиот отпад на јавни површини

Сподели

Во текот на изминатите неколку дена, повторно е забележано зачестено одлагање отпад на јавни површини во скопската општина Карпош.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, денеска подигнаа и транспортираа приближно четири кубни метри отпад од дива депонија составена претежно од мешан комунален отпад и отпад од амбалажа и пакување, лоцирана на улицата Московска.

ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира до жителите на оваа скопска општина внимателно и совесно да постапуваат со својот отпад и истиот да не го одлагаат на јавни или сообраќајни површини, затоа што таквото однесување директно придонесува за загадување на животната околина.

Доколку граѓаните имаат потреба да се ослободат од својот стар мебел и неупотребливите електронски и електрични уреди, ЈП Комунална хигиена-Скопје им ја нуди можноста истите да ги одложат без плаќање на надоместок во центарот за селекција лоциран токму во општината Карпош, секој ден во неделата, од 09 до 19 часот.