Референдумот е закажан за 1. октомври, а неговото одржување сака да го спречи шпанската влада. Протестите ги организирал најголемиот каталонски синдикат на земјоделци, Унио де Пегесос, кој наведува дека целта на тие протести е борба за демократија и слобода.
Каталонија се гледа себе си како посебна држава, со свој јазик и култура и инсистира на таков статус. Борците на за независна Каталонија “окупирале” неколку училишта во Барселона, кои се одредени да бидат гласачки места на спорниот референдум за независност на таа шпанска покраина.
Според шпанската влада, референдумот е спротивен на Уставот на земјата, додека властите во Каталонија цврсто велат дека со позитивно гласање ќе објават независност унилатерално во рок од 48 часа.
Во очекување на немири, властите испратија илјадници полицајци за да обезбедат јавен ред.