Катарина Синадиновска: Знаете ли што е ова „господине“ Асани? Ова е закана кон целата новинарска фела! Ова е закана кон целото слободно општество и демократија!

Сподели

Висок партиски функционер од ДУИ не пропушта можност за да му се заканува и да го навредува претседателот на Здружението на новинари на Македонија – Насер Селмани.
Знаете ли што е ова „господине“ Асани? Ова е закана кон целата новинарска фела! Ова е закана кон целото слободно општество и демократија! Конечно ова е закана и навреда кон секој еден граѓанин!
Еден насилник, заштитен пред Уставот и законите, од позиција на моќ, безбеден пред налетот на правото и на правдата, безобразно и дрско навредува и се заканува наоколу, небаре ова е див запад. Гајле му е, нему во некој тефтер сигурно веќе му е пишана условната….
Потребна е силна реакција од сите колеги, но веќе не само во форма на соопштенија какви што праќавме, колумни, статуси… туку една сериозна и организирана акција, протест, листа на барања, организиран и заеднички отпор кон газењето на нашето и на достоинството на земјата. Ние чекаме извинување, повлекување, одговорност… а Асани продолжува со јавна демонстрација на моќ, сосема јавна, преку смрдливи канали само со една цел – за да демонстрира сила, за да покаже дека никој ништо не му може, за да заплаши…Дополнително, во последниов јавен настап, се турка тезата дека имиџот на Асани, оној де – на фин господин, го произвеле новинари коишто мразат Албанци. Значи така перфидно се креира омраза, се поттикнува меѓуетничка тензија, па ова е неверојатно грозно… Одговорност!

Катарина Синадиновска, новинар