Катица Јанева и Боки 13 ќе бидат пренесени во затвор

Сподели

 

Апелациониот суд – Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави пресуда, со која жалбите на обвинетите и на Јавниот обвинител во предметот на овој суд, во јавноста познат како „Рекет“ се одбиваат како неосновани и првостепената пресуда се потврдува во целост.
 

По комплетирање на списите, предметот ќе биде доставена до судија за извршување санкции при Кривичниот суд Скопје кој согласно досегашната судска пракса,  ќе издаде наредба за спровод на обвинетиот Бојан Јовановски од куќен притвор на издржување на казната затвор.

Воедно предметот ќе биде доставен и до судија за извршување снакции при Основниот суд во Гевгелија надлежен според место на живеење, за понатамошно постапување за обвинетaта Катица Јанева, информираат од Основниот кривичен суд – Скопје.