„Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи во Националната опера и балет

Сподели

 

Операта „Кавалерија рустикана“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет (НОБ) на 26 јануари со почеток во 20 часот. 

– „Кавалерија рустикана“ е оперски бисер натопен во страст и со одмазда како главен движечки мотив и еден од најомилените и најизведувани оперски наслови до ден-денес на светските оперски сцени. Операта е едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, чиј успех не успеал да го повтори со оперите што ги создал по неа – информираат од НОБ.

Операта ќе биде изведена под диригентската палка на гостинката од Украина, Оксана Мадараш, а во режија на Џандоменико Вакари од Италија. Сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстори се Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Настапуваат Сандра Митровска, Зоран Сотиров, Ристе Велков, Катерина Стојановска, Марика Поповиќ во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.