Ќе му се одземе ли имунитетот на Трајко Вељаноски

Сподели

Во 10.30 часот денеска ќе почне 12. седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на чиј дневен ред е само една точка – одземање на имунитетот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, кој беше на чело на законодавниот дом до 27. април 2017, кога се случија суровите насилства и обиди за убиство на пратеници.

Комисијата на денешната седница ќе решава по формалното барање од Основен суд Скопје 1 за одобрување притвор, кое беше поднесено вчера.

Вељаноски, поранешниот министер за транспорт и врски и поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески, поранешниот министер за труд и социјална политика и за образование, Спиро Ристовски, поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како и поранешниот вработен во УБК, Никола Бошкоски од завчера се осомничени за организација на насилството во Собранието на 27 април.