Ќе се формира Агенција за поголема безбедност на патиштата

Сподели

На денешната меѓународна конференција на тема „Безбедност на патиштата“ министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и заменикот во Министерството за внатрешни работи Нухиу изјавија дека ќе се формира посебна агенција која ќе се грижи за безбедноста на патиштата. Одлуката  поминала на владина седница и на есен тоа тело трба да биде формирано.

„Безбедноста е комплексен проблем каде што се бара мултисекторски пристап и неопходност од поставување на механизми за ефикасно и ефективно управување, координација и одржливо финансирање на системот на безбедност. Многу е важно е да се мобилизираат и подготват сите клучни институции и секоја од нив да преземе соодветни активности во својот делокруг на работа. Во така насока се јави потребата да се формира една водечка институција односно Извршно тело кое ќе има крајна одговорност и задача за подобрување на безбедноста и намалување на бројот на жртви на патиштата во Република Македонија“, рече Сугарески.

Заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу изјави дека МВР презема сет на безбедносни мерки и во координација со другите институции работат на зголемување на безбедноста во сообраќајот.

На конференцијата говореше и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов кој истакна дека во рамките на претпријатието се формирани секторски одделенија кои ќе работат исклучиво на квалитетни проекти во патната инфраструктура заради подигнување на безбедноста на патиштата.