“Наместо денес во оваа скопска општина да соопштиме што нашите народни пратеници ќе се загалааг за граѓаните на општина Горѓе Петров и за ИЕ бр 1 и 2 принудени сме да се осврнеме на неспособноста на техничката влада кој нема капацитет да се справи си Корона19 вирусот. Се плашиме дека по изборите ке ни се преслика ситуацијата од Србија. Неспобниот технички министер познат по пиши бриши уредбите наместо со Комисијата за заразни болести да работи на намалување на последиците од пандемијата, тој на сметка на мртвите и жртвите се пуштил во ловење на гласови. Ветува брда и долини, 1.000 км патишта, а не гледа дека бројот на зарззени постојно расте. Значи неодговорноста, неспособоста, несовесноста се собрани на едно место, и затоа тој бесрамно го бара гласот на граѓаните.
Исто како несовесниот технички премиер е и Министерката за правда. Нејзините пратиски колеги и функционери му овозмошија на Груевски да избега во Будимпешта, а таа не мрднува ниту со најмалиот прст да го врати и да одговара за другите злодела. Сакаме да им ветиме на граѓаните доколу сме дела од законодаваната и извршната власт во рок од 90 дена ке го вратиме бегалецот, онака како што и замина така ке биде и вратен, а украдените пари ке бидат поделени на граѓаните.
Во оваа воспоставена матрица на несериозност, несовесност и јавашлук успешно се вклопува и Уставниот суд кој вчера немаше храброст да ја отфрли Иницијативата за поништување на ст 5 од членот 353 од КЗ кој се однесува злоупотребата на службената позиција во врска со јавните тендери. Замислете дури 4 од вкупно 9 судии на Уставниот суд се изјасниле дека истиот треба да се поништи бидејќи луѓето кои се обвинети од СЈО за милионски злоупотреби со тендерите ,,страдале.. поради преширокото толкување на оваа одредба. Да ги потсетам Уставните судии и адвокатот подносител дека постои еден институт кој се нарекува Автентично толкување на законот. Уставните судии се срам за државата и затоа повторно ја бараме оставката на судиите, а доколку тоа не се случи, по конситуирањето ке бараме нивно разрешување.
И на крајот сакам да им ветиме на граѓаните дека нашите идни избрани народни пратници ке имаат максималната соработка со органите на ЕЛС без разлика на нивната партиска припадност. Тие ке бидат споната помеѓу централната власт и ЛС. Ниту еден проект, ниту еден закон кој се однесува до ЛС не ќе смее да биде донесен без претходно истиот да биде косултиран од страна на нашите пратеници со базата од која се избрани” – изјави Јове Кекеновски на денешната прес-конференција.