КИНА: ОТСТРАНЕТИ 45 ПРАТЕНИЦИ ЗАРАДИ ИЗБОРНИ ИЗМАМИ

Сподели

08032013212255_kineski-parlament

Кинескиот Парламент отстрани 45 пратеници од североисточната провинција Лиаонинг заради изборни измами, јави ДПА.

– Одлуката покажува дека Кинеската комунистичка партија пројавува нулта толеранција кон поткупувањето и купувањето гласови, се вели во редакциската статија на весникот на партијата, „Пиплс дејли“.

 Постојаниот Комитет на Секинеското собрание на народните претставници се собра вчера на специјална седница и гласаше за отстранување на 45-те пратеници, избрани во провинциското Собрание, поради купување гласови и поткупи за време на изборите во 2013 година.

Кинеската државна телевизија јави дека „ова е случај без преседан во историјата на Кинеската народна република, која е формирана во 1949 година“.