Кина: Во функција пуштен најголемиот радио телескоп во светот

Сподели

thumbs_b_c_3a10395428c804925aa6f4aa402522c6

ПЕКИНГ (АА) – Кина денеска официјално го пушти во употреба најголемиот радио телескоп во светот, кој има задача да го унапреди истражувањето на Вселената и потрагата по знаците на живот надвор од Земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Кинеската новинска агенција Синхуа објави дека проектот на телескопот ФАСТ (FAST), кој е инсталиран во планинскиот регион во југозападната кинеска покраина Гуејџоу, чини 180 милиони долари од почетокот на неговата изработка во 2011 година.

Главниот дел од големиот телескоп e составен од голем рефлектор кој содржи 4.450 триаголни панели чиј дијаметар зафаќа површина од 30 фудбалски игралишта.

Заменик-шефот на проектот ФАСТ, Џанг Шуксјин, истакна дека телескопот со радиус од 500 метри е голем и опремен со технологија која досега не е користена во светот.

Кина ја забрзува програмата за истражување на Вселената, со која управува војската, и се смета за симбол на кинескиот напредок. Пекинг планира да формира постојана вселенска станица во орбитата на Земјата до 2020 година и да испрати човек на Месечината.