КИНОТЕКА: Изложба „Хоризонтала и вертикала” на Билјана Билбилоска

Сподели

 

Денеска во галеријата на Кинотека на РСМ во Скопје, со почеток во 20 часот, ќе се отвори самостојната изложба „Хоризонтала и вертикала” на Билјана Билбилоска. 

На изложбата ќе бидат изложени дигитални графики направени во текот на 2019-2020 година, инспирирани од средновековната византиска ументост. 

 

 

Се работи за спој помеѓу византиската уметност и современите уметнички текови во сферата на графиката, заедно со современите алатки за ликовно изразување.

 

 

За изложбата, академскиот сликар Никола Пијанманов вели:

„Овие дела комуницираат со минатите времиња и со техниките на старите мајстори живописци. Затоа се толку длабоки, но во исто време и толку едноставни, како прочистени од талогот на историјата. Стилизацијата на византиската естетика е доведена до совршенство на минималистичкиот уметнички потег. Цртежот е остар и прецизен како напукнат кристал. Но графиките се само навидум црно-бели, колоритот е пригушен и раскошен, суптилно сокриен во енергијата на формата. Тие функциониираат како современи икони.“

На иста линија рецензира и Мијалко Ѓунисијевиќ, академски сликар, кон овој циклус, кој велиОваа изложба е еден вид мисија што се обидува да нѐ повика кон повторно исчитување на својата традиција на еден современ и пред сѐ, оригинален начин… Билјана не нуди одговори, туку го поставува прашањето: што е тоа канон? Оваа изложба е повеќе платформа за дијалог отколку нудење на некое решение за оваа проблематика.“ Билјана Билбилоска дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на отсекот графика со графички дизајн. Ова е нејзина четврта самостојна изложба. До сега групно се претставувала во Македонија, Србија, Романија, Турција, Франција и САД. Се занимава со графички дизајн, илустрација и филм.

На изложбата ќе се влегува поединечно или максимално во група од двајца, согласно мерките за заштита од Ковид 19.