Кинотека на Македонија: „Музиката во македонскиот игран филм од Александар Трајковски

Сподели

Кинотека на Македонија, промоција на книгата „Музиката во македонскиот игран филм: од ФРОСИНА до ЛАЗАР“ на д-р Александар Трајковски, 12. март

„Музиката во македонскиот игран филм: од ФРОСИНА до ЛАЗАР“ на д-р Александар Трајковски е првата пообемна музиколошко-филмолошка анализа на македонскиот игран филм. Истражувањата и анализите Трајковски ги правел за потребите на неговата докторска теза „Филмската музика како форма на комуникација: музиката во македонскиот игран филм во периодот од 1952 до 2011 година“, која ја одбранил во 2014 година на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, под менторство на проф. д-р Ганка Цветанова, која е и рецензент на книгата.

Печатењето на „Музиката во македонскиот игран филм: од ФРОСИНА до ЛАЗАР“ го овозможи Министерството за култура.