Бугарија, која од вчера е новиот претседавач со Советот на Европската Унија го претстави и логото под кое ќе ја води Унијата во следните шест месеци.
Логото, како што е наведено во описот на официјалниот твитер-профил креиран за оваа прилика, ги претставува трите симболи кои јасно го отсликуваат бугарскиот идентитет – кириличната азбука, традиционалниот вез и националната тробојка.
„Логото ја рефрлектира идејата дека Бугарија е составен дел на Европа, но, во исто време и уникатна меѓу другите земји-членки на ЕУ“, се додав во описот.
Автор на логото е уметникот Тодор Ангелиев и неговиот дизајн бил избран од професионална жири-комисија која се водела од идејата на оригиналниот и иновативен авторски дизајн.
„Визуелниот идентитет на Бугарското претседателство е во боите на Европската Унија. Елементите се позајмени од ѕвездите на знамето на Унијата. Авторите се дел од тимот составен од уметници од Националната академија за ликовни уметности – Светлин Балездров, Ненко Атанасов и Милена Абанос, консултанти се професорите Георги Јанков и Мирослав Богданов“, стои во информацијата за бугарското председавачко лого.