Книжевна вечер со Влада Урошевиќ на Филолошкиот факултет

Сподели

 

Деканатот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје вечерва, од 18 часот во аулата на Факултетот, организира Книжевна вечер со Влада Урошевиќ, добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2023 година.

Авторот ќе ја чита својата поезија на македонски, а студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе презентираат препеви на неколку странски јазици.

Академик Влада Урошевиќ годинава беше лауреат на поетскиот фестивал во Струга, а, меѓу другото, ја доби и книжевната награда „Роман на годината“ за 2022 година.