Коалиција „Сите за правично судење“ на 10.12.2020 година во 10:00 часот ќе одржи промотивен настан пред Основниот кривичен суд во Скопје за одбележување на Меѓународниот ден на човековите права.
Овој настан се спроведува во рамки на проектот „Системски мониторинг на кривични судски постапки“ финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија.
Целта на овој проект е поддршка на судските реформи насочени кон целосно исполнување на критериумите поставени со Поглавјето 23 преку оценување на ефикасноста на кривичната правда во основните судови и следење на практичната имплементација на процесните гаранции поставени во Законот за кривичната постапка и меѓународно прифатените стандарди за фер и правично судење. Проектот цели и кон зголемена транспарентност на судовите на институционално ниво преку зајакнување на правото на јавно судење во основните судови, како една од компонентите на стандардите за фер и правично судење како и подигнување на свеста за стандардите на правично судење преку иницирање на јавни дебати и застапувачки активности за надминување на детектираните состојби.
На штандот кој ќе биде поставен пред Основниот кривичен суд во Скопје, како еден од најголемите судови во Република Северна Македонија, со најголема фреквенција на граѓани, ќе се делат промотивни материјали и прирачник на граѓаните.
На промотивните материјали ќе бидат отпечатени пораки кои што ќе бидат поврзани во однос на правата на граѓаните поврзани со начелото на правично и фер судење, правото на јавност како и други информации поврзани со правата на граѓаните во судските постапки.
Прирачникот „Прв пат во суд“ – кривична постапка е наменет за граѓаните коишто немаат информации и насоки како треба да се однесуваат во суд доколку бидат повикани. Исто така овој прирачник ќе им даде насоки и препораки на граѓаните кои немаат доволно познавање од областа на правото, а имаат потреба од пристап до правда за заштита на нивните права во судска постапка.
Целта на овој настан е да се подигне свеста за стандардите за правично судење.
denesmagazin.mk