Кривичниот суд во Скопје информира дека сите предмети во врска со поднесените обвиненија од страна на СЈО се примени во судот и се распоредени кај судиите кои ќе одлучуваат за притворот на обвинетите.
Предметите под називот „Тотал“, „Тревник“, „Тифани“, „Титаник“ и „Тортура“ преку автоматска распределба се доделени во работа за оценка на обвинителен акт кај судијата Моника Бахчовановска. Предметите кои се во надлежност на Оддлението за организиран криминал исто така преку автоматска распределба се доделени кај судиите: Лидија Петровска која ќе постапува во предметот „Тарифа“, Горан Бошевски кој е задолжен за предметите „Трезор “ и „Тенк“, кај судијата Верка Петковска за предметот „Титаник-2“ и судијата Ленка Давитковска за „Топлик“.
Како што информираше судот, судијата Ивица Стефановски ќе постапува во предметот „Тендери“, а судијата Татјана Михајлова во предметите „ТНТ“ и „Траекторија“. По барањата за определување на мерки за претпазливост и мерка притвор ќе одлучуваат судиите од кривичните совети во текот на денешниот и утрешниот ден.