КОЛАПС! – Овој француски новинар ги откри мрачните тајни од соблекувалната на ПСЖ

Сподели

Распад на системот во ПСЖ!

По болната елиминација од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите во богатиот француски клуб, владее целосен колапс.

Најголемиот удар е најскапото засилување во историјата на клупскиот и светскиот фудбал, Бразилецот Нејмар.

По поразот во Мадрид, навивачите жестоко го нападнаа и поради тоа славниот ас го „изгуби компасот“.

Веќе не е тајна дека атмосферата во соблекувалната е катастрофална, а еден од главните виновници за тоа е Нејмар кој само чека да заврши сезоната за да избега од клубот.

Даниел Риоло, новинар на RMC, тврди дека Бразилецот е во многу тешка ситуација.

“Речиси и да нема тренер, на тренинзите пристигнува мизерно, на работ на пијанство. Така е. Нејмар му се осветува на ПСЖ. Тотално раскина со клубот и соблекувалната”, открива Риоло.

фото: Profimedia

Нема шанси Бразилецот да остане во Париз.

“Навивачите на ПСЖ не ги интересира неговото лудило и неговиот документарец на Нетфликс. Мораме да му напишеме чек и да го ослободиме. Тој прави голема штета на клубот. Пуштете го, тој го уништува ПСЖ”, изјави новинарот.

Нејмар оваа сезона одигра 21 натпревар за францускиот тим и постигна пет гола и пет асистенции.

Тој на Паркот на принцовите пристигна во 2017 година од Барселона за рекордни 222 милиони евра.

The post КОЛАПС! – Овој француски новинар ги откри мрачните тајни од соблекувалната на ПСЖ appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico