Комеморативен „Марш за Сребреница“ во Скопје

Сподели

 

Бошњачкиот национален сојуз денеска го организира традиционалниот комеморативен „Марш за Сребреница“ во знак на почит и сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница.

Маршот ќе започне во 18:30 часот, преку булевар „Џон Кенеди“, Стара скопска чаршија, плоштад „Филип Втори“, и ќе заврши на плоштад „Македонија“ во 19:30 часот. 

Од 19:30 часот до 20:00 часот ќе има комеморативна програма по повод од сеќавање на жртвите на геноцидот во Сребреница.

Во Собранието денеска седница ќе одржи и Комитетот за односи меѓу заедниците на која на дневен ред е Одбележувањето на 11 Јули-Ден за сеќавање на геноцидот во Сребреница.