Комисијата за заразни болести предлага да нема полициски час за Велигден и за Рамазан.
Полициски час од 21 до 05 часот, наместо досегашниот од 20 часот, отворање на летните тераси во сите угостителски објекти и работа до 20 или 20.30 часот, се новите рестриктивни мерки кои и официјално ги најави министерот за здравство Венко Филипче.
Овие мерки ќе почнат да се применуваат од среда, доколку утре поминат на Владината седница.
Препораките од Комисијата се поради намалувањето на бројот на новозаразени и на хоспитализирани во изминатиот период. Мерките би биле на сила до завршување на празниците, по што повторно ќе се направи анализа.