Комисијата за заразни болести: Нема одлука за целосно олабавување на мерките заради непочитување

Сподели

 

Комисијата за заразни болести ги демантира информациите кои се пласирани денеска во одредени медиуми дека на утринскиот состанок е донесена одлука за целосно олабавување на мерките заради тоа што истите не се почитувале од граѓаните.

„Сите досегашни мерки и предлози до Владата, Комисијата за заразни болести ги носи врз основа на темелни анализи на состојбата со епидемијата во земјата. Денеска на прес-конференција, ставот на Комисијата детално ќе го образложи Др. Жарко Караџовски, претстедател на Комисијата за заразни болести“, наведено е во соопштението на Комисијата за заразни болести.