Комисијата за заразни болести на Владата и препорача Македонија да ги отвори границите на 1 јуни. Првичната препорака беше македонските граници да се отворат на 15 јуни, но по одлуките на нашите соседи, Комисијата се предомисли и ја промени препорака. Иако датумот се знае, Комисијата нема донесено конечен протокол како и на кој начин граѓаните ќе можат да излезат или да влезат во земјва.
Доколку Владата се изјасни позитивно на препораките на Комисијата за заразни болести, тоа значи дека нема да се продолжи вонредната состојба, која што завршува на 30 мај годинава.
Премиерот Оливер Спасовски денеска соопшти дека во наредниот период треба да се очекува одлука за отворање на границите. За ова прашање, како што соопшти денеска по посетата на Штип, се разговара со соседните земји и со земјите од ЕУ.
-Се разговара и со соседните земји, како и со земјите од ЕУ за отворање на границите. Во наредниот период треба да се чека една таква одлука за отворање на границите, билатерални соработки, реципроцитет, рече Спасовски.
За отварањето на границите посочениот датум е 1 јуни, но без прецизни информации околу тоа дали ќе бидат потребни тестови и кои протоколи ќе важат за македонските а кои за странските државјани. Министерот Филипле минатат недела изјави дека како опција се разгледува како услов за влез во државата да биде приложен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.