Конференцијата „Предлог за итни демократски реформи“ ќе се одржи на 19 јули 2016 година, 10 часот во „Холидеј Ин“.
На неа група граѓански организации и експерти, ќе го презентираат „Предлогот за итни демократски реформи“, документ кој на концизен начин дава насока за клучните демократски промени во земјата потребни за фер, слободни и кредибилни избори.
Организатори на настанот се организации и членови на Инцијативата за предлог за итни демократски реформи: Граѓанска асоцијација МОСТ, Институт за демократија Социетас Цивилис (ИДСЦС), Институт за европска политика (ЕПИ), Институт за комуникациски студии (ИКС), Македонски центар за европско образование (МЦЕО), Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ), Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија (MХK), Центар за економски анализи (ЦЕА), ЦИВИЛ – Центар за слобода, Бранимир Јовановиќ и Драган Гоцевски.
Радио МОФ од овој настан на својот Јутуб канал ќе врши директен видео стрим во живо.