Светската ѕвезда на вокалната џез музика, Курт Елинг, во среда (15 мај) во 20 часот и Националниот џез оркестар ќе одржат заеднички концерт во Македонскиот народен театар.
Диригент ќе биде Џијан Емин.
Курт Елинг е двократен добитник на наградата „Греми“. За него „Њујорк Тимес“ ќе напише дека токму тој е „извонредниот машки џез-вокал на нашето време.“