Одиграно и 2.коло во групата Ц каде тимовите на Мексико и Венецуела изборија пласман во четвртфиналето на Копа Америка.
Уругвај по само два одиграни натппревари на Копа Америка ги загуби шансите за пласман во нокаут фазата.
Уругвај неочекувано загуби од Венецуела со 0-1, додека во вториот меч од оваа група Мексико ја победи Јамајка со 2-0.
Уругвај кој е 15-кратен освојувач на Копа Америка, без Луис Суарез, не успеа да ја мине првата фаза на континенталното првенство.
Уругвајците, во првото коло загубија од Мексико со 1-3, во второто запишаа порази и од Венецуела, каде единствениот гол го даде Саломон Рондон во 36.минута.
За разлика од Уругвај, Мексико со втората победа обезбеди пласман во нокаут фазата.
Мексиканците славеа 2-0 против Јамајка, а стрелци на головите беа Чичарито Хернандез во 18-та и Пералта во 81-та минута.
Мексико во последното коло против Венецуела ќе се бори за првото место во групата Ц.
Вечерва 2.коло треба да се одигра и во групата Д каде се среќаваат Чиле-Боливија и Аргентина-Панама.
The post Копа Америка 2016 – Мексико и Венецуела во 1/4 финале, збогум за Уругвај! appeared first on Спорти.
Source: Sporty