Косово: Полицијата заплени 2.1 милиони лажни евра

Сподели

Косовската полиција соопшти дека уапсиле двајца мажи откако пронашле фалсификувани пари во вредност од два милиона евра во багажникот на автомобилот со кој се обиделе да ја преминат границата од Албанија кон Косово, пренесува Радио Слободна Европа.

Фалсификуваните банкноти во вредност од 2.1 милион евра биле најдени во торба, во автомобил возен од албански државјанин, се наведува во полициското соопштение. Двајцата, возачот и сопатникот кој е државјанин на Камерун се во притвор. Полицијата соопшти и дека ова е најголема конфискација на лажни банкноти по војната во Косово во 1998-99 година.