Ковачевски-Лајчак: Мирот и стабилноста во регионот се клучни за побрзи евроинтегративни процеси

Сподели

 

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски ги продолжи активностите на Минхенската безбедносна конференција. Денеска заедно со вицепремиерот Бојан Маричиќ остварија средба со претставникот на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

На средбата се говореше за неопходноста од забрзување на процесот за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, со приоритет на Северна Македонија. Претставникот на ЕУ, Лајчак уште еднаш ја потенцираше силната поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и ја оцени нашата земја како доверлив партнер на Унијата.

Соговорниците заклучија дека од клучна важност е унапредувањето на регионалната соработка меѓу земјите од Западен Балкан, што пак придонесува за безбедноста и стабилноста на регионот.