Ковачевски: Македонскиот јазик е во сржта на македонскиот идентитет и посебност

Сподели

 

Премиерот Димитар Ковачевски, преку социјалните мрежи се обрати по повод Денот на македонскиот јазик, 5-ти мај.

“5 мај е Денот на македонскиот јазик. Денеска им оддаваме почит на сите оние кои го создавале писмениот, литературен, стандарден македонски јазик.
 
Нашиот долг кон идните генерации е да го негуваме и да го шириме. Македонскиот јазик е во сржта на македонскиот идентитет и посебност и како таков ќе го штитиме и чуваме”, – изјави премиерот Ковачевски.