Ковачевски: Од денеска повторно дневна евтина тарифа на електричната енергија

Сподели

 

„Од денеска стартува повторно дневната евтина тарифа за електрична енергија. Граѓаните ја добиваат можноста за евтина струја од 13 до 15 часот. Со тоа се обезбедуваат заштеди од над 1.000 денара месечно, за секое семејство, изјави премиерот Ковачевски.

Инсталирањето на 600 мегавати обновливи извори на енергија овозможи од 13 до 15 часот да имаме евтина тарифа за граѓани и да можат да заштедат над 1.000 денари месечно. Ова е важно, бидејќи беше едно од клучните ветувања на граѓаните, што го спроведовме. Беше прекинато на одреден период заради светската енергетска криза, кога воведовме низа и дополнително други мерки со коишто ги субвенциониравме сметките за струја и уште ја субвенционираме во износ до 90%.

Од денеска, вратена е евтината тарифа на струјата, што е резултат на инсталирањето фотоволтаици коишто овозможија да се ослободат евтини часови за струја за домаќинствата од 2 часа, во текот на секој ден. Тоа е факт којшто треба сите да го знаат и факт против којшто никогаш нема да може да дојде никаков демант. Јас сум среќен за она што го направивме во текот на изминатите две години и среќен сум што граѓаните ќе имаат пониски сметки за електрична енергија“, рече премиерот Ковачевски.