Ковачевски-Сарацин: Северна Македонија треба да е дел од ЕУ

Сподели

 

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска се сретна со специјалниот претставник на Сојузната Влада на Германија за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин, кој престојува во работна посета на земјава. На средбата присуствуваше и амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Петра Дрекслер.

 

 

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во нашата држава и за евроинтеграциските процеси и предизвици.

Премиерот Ковачевски ги истакна заложбите на Владата во насока на остварување на стратешката цел-полноправно членство на Северна Македонија во Европската Унија. Специјалниот претставник на Сојузната Влада на Германија за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин ја истакна силната поддршка на Германија за евроинтеграцискиот процес на нашата држава, како и за следните чекори.  

Во таа насока, на состанокот, се дискутираше и за претстојниот процес на носење на уставните измени.

Премиерот Ковачевски потенцираше дека Северна Македонија е на патот кој води кон напредок и просперитет, а тоа е членство во ЕУ и затоа е неопходна широка поддршка околу уставните измени. Тој изрази надеж дека сите политички партии ќе се обединат и ќе работат заедно на реформските процеси за да се овозможи побрзо членство во ЕУ.