Ковачевски: Струјата за граѓаните е 80% субвенционирана

Сподели

 

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во интервју за „КликПлус“ на ТВ21 истакна дека Владата прави се за да обезбеди дополнителни антикризни мерки за граѓаните и стопанството во услови кога светот се соочува со една од најголемите економски и енергетски кризи после Втората светска војна. Претходните антикризни мерки дадоа одличен резултат, го намалија ценовниот шок и оптеретеноста на граѓаните и компаниите. Сега се работи на нови антикризни мерки.

 

 

„Тоа се мерки кои ги бара Стопанската комора за кои што разговараме низ еден многу отворен дијалог и сите сме свесни за ситуацијата во која што се наоѓа економијата. Значи таму се разговараше отворено. Покрај стопанските комори беа и претставници на академската заедница, претставници на најголемите компании од електроенергетскиот сектор значи и претставници на ЕВН, на ЕСМ, МЕПСО, „Макпетрол“ и така натаму, каде што на маса се отворија најтранспарентно сите податоци со кои што располагаат и компаниите и државата и стопанските комори, врз основа на сите тие информации со кои што таму се споделија. Врз основа на очекувањата но не само на компаниите туку и очекувањата на работниците, на синдикатите веќе во Министерството за труд и социјална политика се подготвуваат мерките за најранливите категории заедно со Министерството за финансии, а за компаниите како што веќе ви кажав се прават калкулации прво на можност на субвенционирање на цената на електричната енергија и второ ние не се откажуваме за набавка преку директни договори со други држави на пониска цена на електрична енергија. Добро е што активностите кои што ги презема ЕК и воопшто ЕУ.“, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека електричната енергија која што граѓаните ја плаќаат на регулираниот пазар е 80% субвенционирана од страна на државата, што значи доколку не е таа субвенција за електрична енергија граѓаните би платиле 5 пати повисока цена на електрична енергија.

„За компаниите кои што се на регулираниот пазар тоа се 72 илјади мали и средни претпријатија во државата кои што имаат до 50 вработени и обрат до 2 милиони евра. Тие се исто така на регулираниот пазар и нивните сметки се дупло поевтини и од тоа што би го плаќале доколку одат на либерализиран пазар, она што останува е либерализираниот пазар на кој што важат цените на светските берзи,  за нас е референтна  унгарската берза и некоја што цените достигнуваат и до 600 евра за мегават час, ако ги споредиме со нормалните цени пред војната кои се 50-60 евра за мегават час можете да замислите за колку зголемување се работи, за 10 пати зголемување на електричната енергија. Она што го разговараме со Стопанската комора и за што во моментов во Министерството за економија и во Министерството за финансии се прават калкулации на кој начин државата може да помогне со електрична енергија, прво по пониска цена, и второ дали можеме да интервенираме преку буџетот со субвенционирање на електрична енергија која што преку снабдувачите ја плаќаат компаниите“, рече Ковачевски.