Ковачевски: Тешките и државнички одлуки се оние кои носат прогрес за земјите и за регионот

Сподели

 

Премиерот Ковачевски, по завршувањето на средбата со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, како и по билатералните средби со премиерот Курти и претседателот Вучиќ, во изјава за медиумите, посочи дека е огромна чест и задоволство тоа што Република Северна Македонија е домаќин на состанокот на високо ниво од дијалогот помеѓу Србија и Косово, кој го водат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, а под покровителство на Европската Унија, и со поддршка и на Соединетите Американски Држави. 

„Местото на Западен Балкан е во Европската унија, географски, историски, политички или цивилизациски. Особено во услови на геополтички превирања, длабока поделеност на светот и воена агресија на европскиот континент, ова е важно да се нагласи повеќе од било кога досега. Сите се залагаме за подобра иднина за целиот Западен Балкан, каде конфликтите и несогласувањата ќе останат во минатото. 

Чест и задоволство ми е што, овде во Охрид, Република Северна Македонија е домаќин на состанокот на високо ниво од дијалогот помеѓу Србија и Косово, кој го водат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти. Дијалогот кој е во тек во моментов, како што знаете, е под покровителство на Европската Унија, а со поддршка и на Соединетите Американски Држави.

Уште еднаш посакувам успешни разговори и како добри домаќини, даваме гласна и јасна поддршка на дијалогот и на решавањето на сите предизвици преку дијалог и договор“, изјави премиерот Ковачевски.