Ковачки: Владата веднаш да го објави Протоколот

Сподели

 

Владата да го објави Протоколот со кој се бугаризира македонскиот народ.
СДСМ и Спасовски да престанат да вршат притисоци врз мирниот народ кој достоинствено си ги брани националните интереси, изјави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
 

“СДСМ и ДУИ се свесни дека ја немаат поддршката од народот и знаат дека работат спротивно на народната волја, тие се подготвени да направат национално предавство, и сето тоа го правдаат со сликање кое ќе го добијат за некаков наводен почеток на преговори. Затоа и го кријат протоколот со кој се бугаризира Македонија, се бугаризираат македонските херои и со кој на Бугарија и се дава можност да се повикува на документ со кој самите ќе се согласиме да се бугаризираме. Иако најавија дека ќе го објават, иако бугарската министерка за надворешни, Генчовска јавно кажа дека протоколот е потпишан, сепак македонското МНР го крие протоколот од јавноста. А кога нешто криете, јасно е зошто тоа го правите. Владата е должна да го објави протоколот.

Продолжуваме со протести, се гледаме во 19.00 часот пред Влада, додава Ковачки.