Коѕиас денеска во Скопје на средби со македонскиот државен врв

Сподели

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, денеска е во еднодневна посета на Македонија, за време на која ќе оствари поединечни средби со претставниците на државниот врв.

Негов домаќин е, министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров.

За време на посетата, министерот Никос Коѕиас ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, министерот за евро-интеграции Бујар Османи, а во Собранието ќе се сретне со претседателот Талат Џафери и шефовите на пратеничките групи.

Министерот Никос Коѕиас ќе биде примен и од претседателот на Републиката Ѓорге Иванов.

Билатералната соработка меѓу двете земји, бројни прашања од заемен интерес и имплементацијата на мерките за градење доверба, како и на заклучоците од нивното шесто продолжение одржано на 29. август во Атина, ќе бидат теми на денешната средба на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас со неговите македонски домаќини.