Коѕиас и Попоски се фокусираа на мерките за градење доверба

Сподели

Poposki-Kozias-NATO-Samit-varshava

Мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција беа во фокус на денешната средба меѓу Никола Попоски и Никос Коѕиас. Македонскиот и грчкиот шеф на дипломатијата се сретнаа на маргините на  Самитот на НАТО во Варшава. Средбата поминала во позитивна клима и се оценува како позитивна за напредокот на односите меѓу двете страни.

Според информациите на „МЕТА“, министрите разговарале за напредокот  и следните чекори во однос на мерките за градење доверба во пресрет на септемврискиот состанок на работните групи на Македонија и Грција.

Попоски и Коѕиас разговарале и за продлабочување на регионалната соработка.

Коѕиас покрај Попоски се сретна и со шефовите на дипломатиите на Албанија, Канада и Естонија, а присуствуваше и на средбата меѓу премиерот Алексис Ципрас и американскиот претседател Барак Обама.

На 30-минутната средба со Обама, на која присуствуваше и министерот за одбрана Панос Каменос, американскиот претседател изразил поддршка за намалување на грчкиот долг. Се разговарало и за грчката програма за штедење, бегалската криза и кипарското прашање.

meta.mk