Годинашното, трето по ред издание на фестивалот Крај Вардарот Џез ќе се одржи на 23 и 24 септември 2022 година во Македонската филхармонија.
Првата, интернационална фестивалска вечер на 23 септември во Македонската филармонија ќе започне во 20 часот со извонредни музичари од регионот и настап на Спејс Трио (Space Trio) од Бугарија и веројатно најреномираниот српски џез состав, Ејот (Eyot) од Ниш.
Спејс Трио / Space Trio (Бугарија) е формација од реномирани музичари. Групата работи по принципот на „инстант композиција“ а ја води спонтаноста во изразот. Звукот се гледа, тишината се слуша. Спејс Трио се современи слободни импровизатори и креатори на звук, неограничени од стил или класификација. Тоа се луѓе кои обрнуваат внимание на вибрациите не како реакција на фиксирана идеална изведба, туку, како авантура и се чини дека секогаш звучат различно. Музика, која го транспортира слушателот токму во моментот во кој се наоѓа. Членови на оваа формација главно се: Живко Братанов – пиjано, Георги Ангелов – перкусии, Васил Хаџигрудев – контрабас. Специјално за настапот во Скопје на составот ќе му се придружи истакнатиот џез музичар од помладата генерација од Скопје, Дени Омерагиќ (Светлост, Одрон Ритуал Оркестар).
EYOT (Србија) е веројатно најреномираниот српски џез состав во последнава деценија, како во регионот, така и на светската сцена. Групата е формирана во 2008 година. Фронтмен е виртуозот на клавир Дејан Илијиќ, а составот го комплетираат: Милош Војводиќ на тапани, Марко Стојилковиќ, бас и Слаѓан Миленковиќ на гитара. Нивната музика претставува еклектичен звук помеѓу рок и џез, панк и амбиент, импресионизам и романтизам, во исто време цврсто потпирајќи се на традиционалната музика на Балканот и источна Европа, креирајќи мешавина од стариот и новиот Исток и Запад.
Помеѓу многуте признанија, победници се на Умбриа Џез Балканик Виндоус 2009 година, како и на Мидем Оф 2021 во Кан, Франција, најзначаниот музички саем во светот. Досега имаат настапувано насекаде низ светот од Австрија, Кина, Германија, Велика Британија, Франција, Хонг Конг, до Швајцарија, Италија, Јапан, Турција, Русија и низ целиот балкански регион. Ејот имаат издадено 5 студиски албуми, а последниот, 557799 (2020) е излезе за една од водечките независни американски дискографски куќи Ropeadope, што е сериозна потврда за квалитетот и глобалниот потенцијал кој во себе го содржи овој феноменален бенд од светски калибар.

Втората фестивалска вечер ќе се одржи на 24 септември во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот со концертен настап на сега веќе култните „Секстат“, кои ќе одбележат 30 години јубилеј од своето постоење како џез формација. Оваа вечер, публиката ќе има уникатна можност да ги слушне во досега невидено издание, надградени со неколку извонредни локални музичари, во форма на вистински оркестар. Во оваа специјална и многу важна вечер за сите нас, ќе не воведе „Toka Shitet“ (ака Идриз Амети), фронтмен на групата Blla Blla Blla со фантастична соло изведба на авторска музика на шаркија.
Сетстат Оркестар
Сетстат ќе се претстават со специјална селекција на материјал од изминативе три децении, кој ќе биде специјално аранжиран за ваков оркестар. Ова ќе биде единствен и прв настап од ваков тип поставен во Филхармонија.
Сетстат имаат издадено 9 студиски албуми, а во очи на фестивалот ќе се појави нивниот нов, 10ти албум кој носи неверојатен квалитет. Нивниот настап во живо на „ПМГ Рекордингс Фестивал“ во 2011 година, кој беше издаден како 29 издание за ПМГ Џез, насловено „White Night” беше избран како едно од најдобрите џез изданија на музичката платформа Bandcamp за јануари 2022 година. Во 2004 година, нивната композиција MVP беше број 1 на листата на Top Downloads 200 на реномираниот џез портал All About Jazz website. Во 2015, нивниот албум „Се Плашам од Македонци“ (заедно со Никола Коџабашија и Мирко Попов), беше прогласен за албум на годината, според култното скопско радио Канал 103.

Идриз Амети (TOKA SHITET)
TOKA SHITET е уметничко име на Идриз Амети, фронтмен на групата Blla Blla Blla… (4 студиски албуми). Сега, како соло уметник свири на шаркија (традиционален балкански инструмент). По неколку демо-снимки и настапи во живо, со гордост го најавуваме неговиот прв соло албум како Toka Shitet, кој ќе се појави на почетокот на септември за PMGJazz. Господинот Амети е инаку присутен на музичката сцена од 1986 година и работи со различни бендови и уметници.

Идејни творци на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ се џез музичарот Владан Дробицки и музичарот и продуцент Мирко Попов.
Крај Вардарот Џез” е меѓународен фестивал на современ џез, светска и етно музика, кој веќе три години во континуитет на домашната публика и ги преставува најрецентните и најквалитетни авторски остварувања од високо ценети и реномирани автори, но и млади, веќе наградувани и признaени таленти.
Фестивалот произлезе од потребата да се подржи една нова генерација домашни автори и музичари, чија музика во себе ги интегрира и совршено балансира автохтониот и светски современ израз. Со две изданија зад себе, и публика, која брои и до 2.000 посетители, „Крај Вардарот Џез” успеа да воспостави континуитет и стана еден од очекуваните годишни настани во Скопје.
Фестивалот е една од активностите на „ПМГ Џез“ (суб-лејбл на издавачката куќа „ПМГ Рекордингс“), кој ги следи мисијата и работата на издавачката куќа со цел да воспостави континуирана, вибрантна и динамична џез сцена во Скопје и во нашата земја. ПМГ Џез работи на пронаоѓање, продукција, издавање и промоција на современа џез, светска и етно музика од домашни квалитетни автори.
ПМГ Џез со 34 изданија е единствена издавачка куќа во земјава, која континуирано ја развива и издава современата џез, светска и етно музика од домашни автори. Покрај вообичаениот формат на издание на ЦД и во дигитална форма, ПМГ Џез досега има и 2 изданија на винил (грамофонска плоча) и тоа: музичка компилација од различни изведувачи „Крај Вардарот Џез 1” и „Стела” на Љубојна. Оваа година ќе излезе и третиот винил, музичка компилација од различни изведувачи „Крај Вардарот Џез 2 – Нов Бран”. Сите изданија може да ги видите на bandcamp профилот на ПМГ Џез /https://pmgrecordings.com/pmgjazz.php/
Фестивалот се реализира со поддршка на Министерството за култура на Р.С. Македонија