Кривичен суд ќе ја објави одлуката за случајот “РЕКЕТ”

Сподели

 

Денеска Крвичниот суд Скопје, ќе ја објави пресудата за предметот „Рекет”, каде обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева, по 6 месеци судење. 

На денешното последно рочиште ќе биде изречена пресудата за случајот „Рекет”, односно за првообвинетиот неформален сопственик на 1ТВ Бојан Јовановски познат како Боки 13 и поранешната шефица на СЈО Катица Јанева. Тие се обвинети откако бизнисменот Орце Камчев кој е обвинет во истрагата за предметот „Империја“ наведе дека бил принуден на Јанева и Јовановски да им даде милион ипол евра за да му ја олеснат положбата во истрагата.

Јовановски треба да добие пресуда за делата примање награда за противзаконито влијание и перење пари, а Јанева за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Јовановски и Јанева во своите завршни зборови пред судот негираа вина и рекоа дека не го сториле делото за кое се товарат.

“Сметам дека сум невина и не сум го сторила делото и се срамам што сум дел од обвинение за кое се покажа дека е клевета, затоа што не постојат никакви докази за делото, изјави Јанева, во завршниот збор за случајот „Рекет“.