Кривична пријава против Ел Чека

Сподели

 

Основното јавно обвинителство Кичево соопшти дека поднело Обвинителен предлог против Ел Чека, кој еден месец наназад објавува прислушувани разговори од врвот на ДУИ, обвинувајќи ги за криминал.

Тој од Чикаго, каде живее, а е по потекло од кичевското село Туин, објавува прислушувани разговори за кои тврди дека ги добил од припадниците на групата од случајот „Диво насеље“.

Обвинителството го товари за кривично дело „Неовластено прислушкување и тонско снимање“. Откако МВР поднесе кривична пријава против Ел Чека во Основно јавно обвинителство – Скопје, ова обвинителство на 3 јуни случајот го префрли на кичевското обвинителство, како „стварно и месно надлежно за постапување“.

Јавното обвинителство порачува оти забележало често објавување на неовластено прислушувани разговори и предупредува дека тоа е кривично дело за кое е пропишана казна затвор од една до пет години.