КУБА: Тргна поворката со урната на Фидел Кастро

Сподели

Поворката со урната со останките на поранешниот кубански претседател Фидел Кастро тргна на четридневниот пат долг 800 километри – од Хавана до Сантјаго, местото во источниот дел на земјата, каде ќе биде положена.

Урната, во ковчег покриен со кубанско знаме, ја понесе кубанскиот министер за одбрана.

Поворката со урната ќе помине низ селските заедници кои за времето на владеењето на Кастро неверојатно се променија благодарение на социјалните и економските реформи.

Илјадници Кубанци излегоа на улица, со цел да се збогуваат со посмртните останки на Кастро, а некои дури и преноќиле на тротоарите.

Останките на починатиот револуционер ќе бидат погребани в недела, кога ќе се заврши деветдневната жалост за човекот кој управуваше со земјата повеќе од 50 години.

Патот на кој ќе помине поворката со урната претставува потсетување на патот кој Кастро и неговите приврзаници, го поминале откако ги победиле силите на диктаторот Батиста во 1959 година.