Лагард: Земјите-членки на ЕУ подобро да комуницираат во интерес на економијата

Сподели

kristin-lagard-mmf-dominika-stros-kana-1328585176-85292

Од суштинско значење за економијата е земјите-членки на Европската Унија прашањето со Брексит да го решат со крената глава – изјави првиот човек на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард.

Taa даде забелешка за недостаток на комуникација внатре во EУ и префрлување на одговорноста од едни на други. Според нејзе, треба да се согледа економската реалност и да се работи на подобра соработка и комуникација.

Лагард изрази жалење што напорите за објаснување на негативните последици од Брексит, пред да се одржи референдумот во Велика Британија, биле залудни.