Лајка го посетија учениците од ОУ “11 Октомври” од општина Центар

Сподели

 

По повод Светскиот ден на бездомните животни, денеска во ЈП Лајка не посетија учениците од основното училиште 11 Октомври од општина Центар.

Со овој настан од едукативен карактер, а преку дружба со кучињата од нашето прифатилиште ЈП Лајка цели да придонесе во создавањето на одговорни и хумани граѓани, одговорно и хумано општество за сите и да ја подигне свеста за вдомување наспроти купување на домашен миленик.

Учениците имаа можност да се запознаат со работните процеси на Јавното Претпријатие Лајка. Целта на овој настан е ја подигнеме свеста за бездомните кучиња и да докажеме и покажеме, дека и тие исто можат да бидат домашни миленици, да научиме да живееме заедно и да се грижиме повеќе за нив, со надеж за иднина во која ќе немаме бездомни и напуштени животни.
#ВдомиНеКупувај

Во наредните денови активноста ќе продолжи и со ученици од Општина Аеродром и останатите скопски општини.

Сакаме да се заблагодариме на наставниците и дечињата од училиштата кои изразија интерест и желба да бидат дел од нашата хумана мисија.
И особена благодарност до ЈСП кои со задоволство ни излегоа во пресрет и го поддржаа нашиот настан со превезување на учениците.