Лажни пријави за каснување од бездомни кучиња се почесто се секојдневие во Лајка. Овие пријави се најчесто резултат на испровоциран напад од граѓани и овие кучиња подлежат на 14 дневен надзор во прифатилиштето на ЈП Лајка, a потоа мора да се вдомат во рок од 30 дена.
Таква е приказната и за кучето Дилек. Дилек е љубов.
Пријавена за каснување со целосна документација и протокол за надзор.
Ги испочитувавме сите законски прописи и рокови иако констатиравме дека се работи за испровоциран напад. Ги издржавме и сите притисоци и инспекции и ја спасивме од решение за еутаназија.
Да, Дилек има свој дом.
Огромна благодарност до вдомувачите за овој хуман гест.