Светскиот ден на животните го одбележуваме со најслатката вдомувачка.
Ова е тандем како од филмовите, кој ги наполни нашите очи со солзи радосници, а нашите срца со неизмерна среќа.
Теди повеќе не е бездомно куче кое талка по скопските улици и тагува по својата сопственичка.
Слатката Маргарита која има неполни 2 години е нашиот најмлад вдомувач, а со својот нов најдобар пријател веќе се неразделни.
Искрено се радуваме на ваквите вдомувања.
Го поздравуваме овој гест на родителите кои уште од најрана возраст ја развиваат љубовта и емпатијата кон животните кај својата најмила.
Воспитувањето во духот на хуманоста е една од највисоките вредности кои може да се развијат уште во детството на секое дете.