ЛАЈКА вдоми кучиња во Германија, Белгија и Шведска

Сподели

 

По успешната кампања на јавното претпријатие за вдомување на бездомни кучиња во нашата земја, мисијата продолжи во САД, а сега веќе и низ Европа.

 

 

Бројот на бездомни кучиња на улиците и трендот на напуштање миленици се трудиме да го претвориме во тренд на вдомување и одговорно сопствеништво.

 

 

Миленикот треба да биде член од семејството и чувањето куче е сериозна одговорност. Затоа само оние кои се навистина подготвени да се посветат на истиот можат да се најдат на нашата листа на вдомувачи.

 

 

Да вдомите куче од Лајка е највисок акт на хуманост, соработка и доверба во нашата институција. Награда за нашиот труд, пожртвуваност и посветеност.

Од прв ден срцето на Лајка чука како едно на сите нас членови од тимот и секое едно куче кое го поминало прагот на прифатилиштето. Нашата работа менува судбини, спасува животи и допира до сечија душа. Нашите приказни се вистински, од скопските улици, тажни но со среќен крај.

Нашето работно време нема време за чекање, празник, нема ноќ и викенд. Кај нас секое куче станува член на нашето семејство, кое од ден на ден расте и се зголемува.

Сакаме бескрајно да им се заблагодариме на сите наши поддржувачи, вдомувачи, фостери, здруженија, донатори, волонтери, на градската управа која влезе во оган со нас и на сите дежурни критичари.

Вие не правите подобри, похрабри, поиздржливи и поистрајни во нашата мисија. Новите вдомувања од Лајка во Германија, Белгија и Шведска се само патоказ дека сме на вистинскиот пат, а на претпријатието му дадоа нова душа – велат од Лајка.

Досега Лајка има вдомено над 150 кучиња во земјава и во странство.