Собранието го усвои Законот за основно образование кој е прогресивен и по сите европски стандарди.
Закон кој обезбедува квалитетни реформи во воспитно – образовниот процес.За разлика од досегашниот Закон, новото законско решение нуди квалитет и во образовниот и во образовниот и воспитниот процес, како и целосна инклузија на децата.
Обезбедуваме образование ослободено од дискриминација и во согласност на заложбите за еднакво општество за сите.
Се намалува бројот на учениците во паралелките, кои сега ќе бројат меѓу 20 и 30 ученици.
Тоа овозможува простор за наставникот да има поголема интеракција со учениците и на секое дете да му посвети поголемо внимание, како образовно така и воспитно.
Создаваме услови за организирање на учениците во заедница на паралеки, со што ги мотивираме на активизам и самите преку ученички парламент и ученички правобранител да учествуваат во креирањето на училишните политики.
Сите паметиме какви стресови децата доживуваа со екстерното тестирање.
Сега тоа веќе го нема, а децата се позитивно насочени и ќе се гледа нивниот квалитет, а најдобрите ќе бидат наградени.
Значен фокус е ставен и на процесот на инклузија бидејќи навистина се залагаме за еднакво општество за сите.
Со конкретни иницијативи и ресурси од Владата, но и со поддршка од УНИЦЕФ, ОЕЦД и другите наши пријатели ќе се направат можности за инклузија на одредена категорија лица со посебни потреби во образовните институции, при што како краен рок ја зададовме учебната 2022 – 2023 година.
Со реформите во образованието децата ќе се воспитуваат во духот на интеркултурализмот и интеркултурната интеракција.
Веќе нема да се учат да живеат едни покрај други, туку едни со други.
Нашите ученици ќе бидат воспитувани да го прифаќаат различниот, без разлика на етничката, културната или верската припадност.
Очекуваме и убедени сме дека, овој Закон за основно образование ќе придонесе за градење на здрава и образована младина, што меѓ другото е предуслов градење на здраво, граѓанско и просперитетно општество.