„Либерално-демократската партија повикува на зрелост кај сите политички субјекти и институции во Република Македонија за брз и мирен трансфер на власта.
Процесот на формирање на ново парламентарно мнозинство мора да биде поврзан со формирањето на нова влада во Македонија и тоа што е можно побрзо.
Демократските процеси во државата мора да продолжат. Сите заеднички мора да се посветиме на формирање нова реформска влада, чиј приоритет ќе бидат заздравувањето на економијата и европската агенда, а не национализмот, поделбите по етничка и партиска припадност.
После изборите на 11 декември граѓаните посакаа промени. Посакаа реформи, подобар животен стандард, но и стабилна, евроатлантска перспектива на Македонија“, се вели во соопштението на ЛДП.