Либерално-демократската партија најави дека мерката „Викенд без ДДВ“ е нивни проект за справување со економските последици предизвикани од пандемијата и дека истиот ќе се реалзира во наредните неколку недели, односно како што велат од таму, граѓаните во овој период ќе ги почувствуваат неговите придобивки.
https://www.facebook.com/LDPMakedonija/videos/769130740314602/
„Во наредните недели, благодарние на учеството на ЛДП во Владата и на добрите економски политики кои ги водат коалиционите партнери на власт, македонските граѓани ќе ги почувствуваат придобивките од овој проект.“, велат од коалициониот партнер на владеачкото мнозинство.
Од таму велат дека тоа е нивни предлог од 2008, а не на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Викенд понудата без ДДВ нуди поволности за потрошувачите, кои добиваат можност да не го оптовараат семејниот буџет, а воедно полза имаат и трговците, кои имаат можност да ја зголемат својата добивка“, велат од таму.
Оваа мерка беше споменувана уште пред изборите како дел од најавуваниот четврт пакет за помош на стопанството, а единствео досега вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека тој ќе опфаќа неколку викенди.