Лекари без граници: Во Италија живеат 10.000 мигранти-бездомници

Сподели

Околу 10.000 мигранти – бездомници во Италија живеат во импровизирани населби, „окупираат“ напуштени згради или живеат на отворено додека во тек се постапки за нивните барања за азил, соопшти организацијата Лекари без граници.

Организаицјата објави истражување за сместувањето на мигрантите во Италија во време на предизборна кампања на која влијаеше престрелката врз мигранти минатата недела и повиците на политичари на масовни протерувања на мигрантите.

Околу половина од мигрантите бездомници се населиле без дозвола во напуштени згради, третина живеарт на отворено додека останатите се во шатори, бараки и контејнери. Од крајот на 2016 година починале 15 мигранти во обид да пристигнат во Франција со „смртоносно преминување“ преку Алпите.