Лев за ЕУРО 2016: За некои ова е животно натпреварување и се бранат со сите играчи

Сподели

thumbs_b_c_a3859b23bea84f33b7808034a9e08f05

ПАРИЗ (AA) – Задоволен сум со нашата игра во одбраната. На полските играчи не им дозволивме да не напаѓаат од контранапади. Меѓутоа, не напаѓавме како што се договоривме, рече Јаким Лев, селектор на Германија која синоќа во натпревар од второто коло од групата Ц на ЕУРО 2016 во Франција, без голови, ремизираше со Полска, јавува Anadolu Agency (AA).

„Меѓутоа, не напаѓавме како што се договоривме пред натпреварот и како тоа треба да го правиме. Нашата игра во последната третина од теренот не беше доволно брза”, рече Лев и додаде:

„Во групната фаза од натпреварувањето се случуваат такви работи. Се игра многу тврдо. Потоа кога се игра на елиминација сите се отвораат, бидејќи само победата ги води понатаму. Карактеристика на ова Европско првенство е што има многу репрезентации кои за прв пат настапуваат. Поради тоа се бранат со сите играчи, се борат без да се штедат. Тоа е натпревар на нивниот живот”.

После две кола во групата Ц Германија и Полска имаат по четири поени, Северна Ирска три, додека Украина е на нула. Во последното трето коло ќе падне одлуката кој оди во осмина финалето од ЕП. Од 18 часот на 21 јуни ќе се состанат Германија-Северна Ирска во Париз, додека Украина и Полска ќе играат во Марсеј.

AA.COM.TR