Левица денеска го осуди нападот на новинарската екипа на „А1он“ за време на протестот „За заедничка Македонија“ и оцени дека ваквиот напад претставува напад врз слободата на изразување и на јавно информирање.
– Бараме одговорност од полициските службеници кои потфрлија во одржувањето на јавниот ред и мир при протестот, но и од организаторите на протестот кои неуспешно ги отстраниле насилниците. Не смееме да го игнорираме фактот што на протестите неретко се забележуваат националистички извикувања и симболика, со што се делигитимира нивната декларативна заложба „За заедничка Македонија“ – стои во соопштението.
Од Левица истакнуваат дека за кукавичкиот и вандалски напад врз новинарите мора да има одговорност.