„Лидл“ го купи објектот на „Скопски пазар“ во Гази Баба

Сподели

Објектот на некогашниот „Бриколаж“ во скопска Гази Баба и официјално е во сопственост на „Лидл Северна Македонија“. „Скопски пазар“ го продаде за 9,5 милиони евра, а за големата зделка информираше преку Македонска берза.

За зделката информира Скопски пазар согласно Глава 6 од Правилата за котација на Берзата. 

Како предмет на големата зделка е наведена продажба на недвижен имот евидентиран на КП 1306/1 и КП 1306/2 КО Гази Баба и соодветно запишани на имотен лист 8882 КО Гази Баба и имотен лист 1077 КО Гази Баба. Вредноста на зделката е во апсолутен износ од 9.564.485 евра без вклучен ДДВ (или 588.911.166 денари без вклучен ДДВ), а релативен износ  од 19,30 проценти во однос на вредноста на имотот на друштвото, односно 25,04 проценти од вредноста на капиталот и резервите на друштвото определени врз основа на последните финансиски извештаи на друштвото. 

Цената соодветствува со пазарната вредност на таков тип на зделки, пишува во информацијата од „Скопски пазар“.